АГРОКОНТРОЛА
Дали управувате со своите деловни процеси?
Се почесто во деловниот живот се споменуваат поимите како: деловен процес, процесен пристап, процесна организираност...но и реинженеринг на деловните процеси, како и управување со деловните процеси.
Сево ова набројано во коренот на значењето го содржи процесот, кој, судејќи по се, стана значаен дел од делувањето на секоја организација.
Управувањето со деловните процеси во денешниот свет стана неопходност. Потребата за навремено реагирање на промените на пазарот, наметнува потреба за специјализирани апликациски алатки кои обезбедуваат управување со деловните процеси.
Освен тоа што таквите алатки му обезбедуваат на менаџментот на компанијата избегнување на огромни недоразбирања помеѓу деловниот и информатичкиот сектор, тие обезбедуваат и моментален увид во состојбата на системот преку приказ на статусот на сите дефинирани деловни процеси.
Ваквата методологија се повеќе го менува традиционалниот начин на работење, а на менаџментот на компанијата му обезбедува пазарна посветеност во однос на конкуренцијата.
Контакт параметри:
АГРОКОНТРОЛА дооел
Ул. Васил Ѓоргов 29-2/А5
1000 Скопје, Р.Македонија
Т: +389 2 3119 187
Ф: +389 2 3119 187
Е: info@ак.com.mk
W: www.ak.com.mk